Царинските службеници од Одделението за оперативни работи – Мобилни тимови, синоќа нешто по полноќ открија 10 илегалци во товарно комбе .
При вршење на рутинска контрола на патниот правец Гевгелија-Демир Капија во близина на ТЕЦ Неготино запрено е товарно комбе со македонски регистарски ознаки. Царинските службеници побараа од возачот да го отвори делот за товарот, но во истиот момент тој се дал во бегство, прескокнувајќи ја заштитната ограда покрај автопатот и избегал во непознат правец. Кога возилото било отворено, во товарниот дел се пронајдени 10 лица од Сирија. Лицата не поседувале никакви документи за идентификација.
Преку дежурниот царински центар е известено МВР, а по пристигнување на нивни службени лица, возилото и лицата им се предадени за понатамошна постапка.