Во врска со денешното соопштение на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати и општина Охрид, во која се вели:
„СДСМ Охрид и натаму продолжува со бесмислените прашања со кои ја заморува јавноста, но и упорно сама отвора афери со кои се откриваат нај големите финансиски дебакли од времето кога владееја со Охрид и го пустошеа градот.
Како што одговоривме и вчера, така и денес на луѓето од СДСМ ќе им одговориме дека долгот во образованието се менува секој ден и колку и да плаќаме ние од старите долгови, кои СДСМ Охрид ги остави во износ од над 77 милиони денари, редовно стигнуваат нови извршни судски пресуди со нови милионски суми за исплата.
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески за разлика од кадрите на СДСМ, никогаш не ги излажа граѓаните, ниту некогаш ќе го стори тоа и повторно ќе се запрашаме дали имаат кредибилитет во СДСМ да зборуваат за лажење и за лаги во финансиите на образованието во Охрид.
Ќе ги прашаме во СДСМ Охрид дали тие со години криеја од јавноста дека се води судски спорт против ОУ „ГРИГОР ПРИЛИЧЕВ“ за експропријација на земјиште, кое некој го одзел и не го платил, па сега по години судење , во време на оваа власт стигна цехот од милион евра за експропријација и камати ?
Дали СДСМ Охрид во предизборни цели прими на работа шеесет лица во обеазовни установи, и нив ги излажа и не им исплати плата, па сега новата власт предводена од градоначалникот Бакрачески ќе исплати над 3 милиони денари за хонорари и плати на овие 60 од страна на СДСМ измамени лица.
СДСМ Охрид треба да одговори пред јавноста како додека беше на власт систематски ги опустоши училиштата, не исплаќајќи сметки за вода, струја, ѓубретарина и плати, за денес од како народот ги смена од власт, да ликуваат и да ги критикуваат напорите, на актуелното раководство, да ги санира финансиските катастрофи кои СДСМ Охрид им ги остави на граѓаните.“- стои во реакцијата.