ОО на СДСМ Охрид со реакција на реакцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, во неа стои:
„Очигледно е дека долгот на училиштата во Охрид надминува 1 милион евра. Ако не беше така, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески ќе им одговореа на граѓаните колку пари должат основните и средните училишта во Охрид, заклучно со први септември 2014 година.
Го повикуваме Никола Бакрачески наместо да се крие зад партиски соопштенија нека излезе да го соопшти долгот на училиштата, и да предложи план за нивно отплаќање.“- се вели во реакцијата.