Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“, премиерно пред охридската публика, ќе се прикажува Филмот „Деца на сонцето”.
Кино проекциите ќе продолжат и во деновите 7-ми, 8-ми, 9-ти и 10-ти октомври. Почетокот е закажан во 20.00 часот, а влезот чини 100 денари.
„Деца на сонцето” е љубовна приказна во која главни ликови се Ангела и Марко. Дејствието се случува на периферијата на едно мало гратче крај Преспанското Езеро.
Продуцент на филмот е Дејан Милошевски, а директор на фотографија е Јарек Шода од Полска. Автор на музиката е Влатко Стефановски, кој во филмот ќе глуми и епизодна улога. Главната машка улога му е доделена на младиот македонски актер Кире Ѓоревски.