Поради минирање на теренот во близина на патната делница Пресека – село Врбјани на магистралниот пат Охрид-Кичево, денес на овој патен правец ќе има триесет минутно сопирање на сообраќајот во двата правци.
Застој на сообраќајот е предвиден во времето од 13:50 до 14 часот и 20 минути кога полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ќе го стопираат сообраќајот во правец Охрид–Кичево. Истовремено, сообраќајната полиција од полициската станица во Кичево ќе го сопре сообраќајот во правец Кичево–Охрид.
Застојот на сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај делницата Пресека-село Врбјани е заради потребите на градежната фирма „Илинден“ која ги изведува работните зафати на изградба на автопатот Кичево–Охрид.