Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2014 година, во споредба со август 2014 година, е намален за 0.2%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.7%, додека во групата Ноќевања е забележано намалување за 2.7%.
Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 1.4%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- септември 2014 година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 0.8%, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0.4%.