Веслачите на Веслачкиот клуб „ЈУГ“ Охрид во саботата (4-ти октомври) настапија на Меѓународната веслачка регата „Тракија“ во Пловдив, Република Бугарија.
На регатата освоија еден златен и три бронзени медали.
Во дисциплината ергометар за кадетки Анастазија Паскали го освои првот место – златен медал. Во дисциплината скиф за кадетки Анастазија Паскали го освои третото место – бронзен медал. Во дисциплината скиф за сениорки за лесни веслачки Александра Ивановска го освои третото место – бронзен медал. Во дисциплината ергометар за сениорки Александра Ивановска го освои третото место – бронзен медал.
На регатата учествуваа четиринаесет клубови од шест земји.