СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.У.(39) и И.У.(42), за сторено кривично дело „изнуда“. На 18.09.2014 година, првопријавениот од лице од Струга, побарал 100.000 евра, кои наводно оштетениот ги должел на друго лице од Струга, а откако оштетениот одговорил дека ги вратил парите, бил физички нападнат од двајцата пријавени.