Овластените Туристички Инспектори согласно законските обврски, ќе вршат увид во книгите за евиденција на гости на давателите на услуги од мал обем. Увидот ќе се врши во просториите на Општинскиот Инспекторат (над Уни Банка поранешна зграда на ЗПП на трети спрат) секој работен ден од 08 до 15 часот.
Врз основа на Законот за такса за привремен престој и измените и дополнувањата на Законот за туристичка дејност и Законот за такса за привремен престој предвидени се глоби во износ од 600 евра доколку во одделен случај не плати Такса за привремен престој за извршената услуга за ноќевање.
Средствата од такста за привремен престој треба да ги уплатите на:
Назив на примачот: Трезорска сметка Цел на дознаката:
Такса за привремен престој
Сметка: 100000000063095
Уплатна сметка: 840-152-03205
Приходна шифра: 717111 00
Доколку не сте ги исполниле Вашите Законски обврски ова известие е последна опомена пред изрекување на казнените одредби согласно законските овластувања.