Во рамките на кампањата за рационална употреба на антибиотици и превенција на антимикробна резистенција, во четврток на 9 октомври 2014 година во големата сала на општина Охрид, со почеток во 12 часот ќе се одржи еднодневен семинар.
Целта на кампањата е на здравствените работници, но и на населението на локално ниво, превентивно да се отвори расправа за нерационалната употреба на антимикробните средства и намалување на ризикот од антибиотска резистенција (АМР). Семинарите ќе понудат информации за активностите на Светската здраствена организација и Министерството за здравство, состојбата со резистенција во Република Македонија и потрошувачката на антибиотици според податоците од ФЗОМ.