Се известуваат граѓаните на општина Охрид, дека Секторот за комунални дејности, сообраќај и патишта од денес започна со прием на граѓани.
Сите граѓани кои имаат потреба од средба со претставниците на секторот, можат да ја остварат во период од 14 до 16 часот во простории на секторот кои сега се лоцирани во општинската зграда.
Од секторот се надеваат дека со оваа нова форма на комуницирање со граѓаните, побрзо и поефикасно ќе се лоцираат и решаваат проблемите од комуналната сфера.