Од Министерството за транспорт и врски информираат дека во периодот од 10.10.2014 година (петок) со почеток од 00:00 часот заклучно до 15.10.2014 година (среда) до 24:00 часот ќе се врши годишното аплицирање по електронски пат за распределба на ЦЕМТ дозволи за 2015 година и изготвување на поединечен план како резервација на поединечни транспортни дозволи за превоз на стоки за 2015 година.
Трговските друштва кои имаат лиценци за меѓународен јавен превоз на стоки (за сите видови меѓународни транспортни дозволи) и трговските друштва кои имаат лиценца за превоз на стока за сопствени потреби (за поединечни транспортни дозволи-резервација), во наведениот термин ќе можат да аплицираат на интернет-страницата www.dozvoli-mtc.gov.mk.
Контакт телефон за дополнителни информации: 02/3145-888.