Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во септември 2014, во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на цените на мало 99.5.
Индексот на трошоците на животот во септември 2014 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано движење на цените во подгрупите. Пораст е забележан кај маслото и маснотиите за 3.5%, јајцата за 1.7%, изнутриците за 0.8%, конзервираните месни производи и сувото овошје за 0.6%, сувомеснатите производи и преработките од млеко за 0.5%, полутрајните колбасичарски производи и киселото млеко за 0.4%, лебот и белите печива, свежото месо и свежото млеко за 0.2%.
Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот во септември 2014 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај телефоните и факс апаратите за 10.4%, финансиските услуги за 9.4%, средствата за чистење и одржување на станот и цврстите горива за 1.3%, средствата за лична хигиена за 0.6% и велосипедите за 0.3%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во септември 2014 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај другите неспомнати прехранбени производи за 1.0%, безалкохолните пијалаци за 0.3%, рибата, шеќерот, џемот, медот, чоколадите и кондиторските производи за 0.2%.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 13.3%, течнитегорива и мазива за 2,1%, гасот за домаќинствата за 1.2% и лековите за 1.0%. Индексот на трошоците на животот во септември 2014 година, во споредба со септември 2013 година, бележи намалување од 0.7%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1.8%.