Јолевски: Членството во НАТО и ЕУ е од стратегиско значење за Република Македонија

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски со свое воведно обраќање ја отвори конференција на тема „Западен Балкан – иднината на интеграцијата” која се одржува во Рим, Република Италија, во организација на Фондацијата на одбранбениот колеџ на НАТО, во соработка со Италијанското претседателство со Советот на Европската Унија и Балканскиот фонд за демократија.

Пред присутните учесници, министерот Јолевски, најнапред упати благодарност до Претседателот на Фондацијата, и поранешен заменик генерален секретар на НАТО Алесандро Минуто-Рицо и до останатите организатори на поканата за учеството на оваа конференција.

DSC_0327_resize

Република Македонија во изминативе години вложи многу напори да изврши бројни реформи со цел достигнување на членство во евро-атлантските организации. Членството во ЕУ и НАТО е од стратегиско значење за нашата земја. Нашето членство во овие организации ќе значи постабилен регион, побезбедна Европа. Меѓутоа морам да истакнам дека овие реформи, македонската влада и парламентот ги прави за да го подобри квалитетот на животниот стандард на своите граѓани, да обезбеди почитување на правната држава, да овозможи економски просперитет и поквалитетна здравствена заштита. Овие реформи се битни за македонските граѓани за подобрување на нивниот животен стандард. Институциите во Македонија и понатаму ќе продолжат со имплементирање на реформите. Во тој контекст ќе додадам дека Република Македонија ги има исполнето сите критериуми за пристапување во НАТО алијансата. И покрај тоа што поминаа шест години од нанесената неправда во Букурешт, ентузијазмот сеуште не нема напуштено. Со прием на Македонија и Црна Гора ќе се испрати порака до идните земји кандидати дека НАТО ја негува политиката на отворени врати, рече министерот Јолевски во своето обраќање.

Оваа Конференција има цел да даде една нова појасна слика за земјите од Западен Балкан, каде се и каква стратегија да применат во иднина во контекст на интеграциските процеси. Согледувањата се дека секоја земја аспирант се соочува со различни проблеми и дека можеби регионалната соработка е можноста за надминување на истите.

На оваа конференција учествуваат високи гости од Италија, Чешка, Австрија, и од земјите од регионов.

DSC_0361_resized_resize