Експерти за борба против дрогата на тркалезна маса во Охрид

Денес во Охрид започна дводневната тркалезна маса, на која учество земаат претставници на Одделенијата за недозволена трговија со дрога од земјите во регионот и над 30-тина водечки форензичари за дрога од целиот свет.

Настанот е организиран од ОБСЕ и МВР, во тесна соработка со Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал (УНОДЦ).

На тркалезната маса ќе се разговара за квалитетот на истрагите и превенирање на криминалот поврзан со дроги, вклучувањето на форензичарите со нивното истражување и обезбедување на научни докази поврзани со намалување на трговијата со дрога.

Тема ќе бидат и казните во регионот, Европа и САД за одгледување, производство, дистрибуција, трговија, поседување и употреба на дроги.