„Паркови и зеленило“ со бројни редовни и вонредни активности

Екипите на „Паркови и зеленило“ , согласно „Програмата за одржување на Јавно зеленило за 2014 година“, ги реализираат зацртаните редовни и вонредни активности на територијата на општина Охрид и приградските населби. Хортикултурно е уреден паркот во близина на мини-трговскиот центар „Гранит“ на „Булевар Туристичка“. Просторот е ограден со бетонски граничници, нанесен е плоден слој земја и засадени се 30 декоративни грмушки.

Во делот на одржувањето на јавното зеленило уредени се крошните од неколку дрвја во училишниот двор на ОУ „Христо Узунов“.

IMAG05461

Отстранети се гранки и друга вегетација која го попречуваше нормалното движење на пешаците по тротоарот на ул „Сирма Војвода„ во близина на ЈЗУ.„Општа болница“ – Охрид.

Во приградските населби се уредуваше јавното зеленило во село Велгошти каде се отстрануваа гранки и вегетација покрај коловозот на ул.„Илинденска“ и се расчистуваше дел од речното корито на Велгошка Река.

IMAG0530nasl-300x138