„Бизнисот и безбедноста“ е темата на денес закажаниот работен состанок помеѓу претставници на СВР Охрид со трговските субјекти од Охрид.
Целта на средбата со трговските субјекти е да се слушнат нивните проблеми на безбедносен план, поплаките во врска со кражби, оштетувања, закани и други кривични дела со кои се соочуваат во секојдневното работење како и нивните размислувања, сугестии и предлози за зголемување на степенот на безбедност. Со претставниците на трговските субјекти ќе се споделат совети и насоки за подобрување на сигурноста на нивните деловни објекти како и мерки за поголема координација со полициската служба заради брзо пронаоѓање на сторителите на кривични дела во трговските субјекти.
Денешниот работен состанок ќе се реализира во согласност со проектот на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија одобрен од Владата, кој има за цел да се зајакне новиот концепт на полициско работење со заедницата, вклучување на локалната самоуправа, урбаните заедници и граѓаните за подобрување на соработката со полицијата и зголемена безбедноста во населените места.