ВМРО-НП денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои:
„ВМРО – Народна партија го поздравува повторното отпочнување на градскиот линиски превоз, за кого уште во 2012 година на наша иницијатива во Советот на Општина Охрид беше донесена одлука за почеток на истиот во интерес на граѓаните на нашиот град. Краток период, во 2013 година тој профункционира, но градските власти го прекинаа. За среќа, оваа наша иницијатива сега повторно продолжува.
Ја поздравуваме Локалната самоуправа што конечно една иницијатива од минатото ја реализира. Позитивните работи секогаш треба да се поздрават, без разлика од кого се. Благодарение на иницијативата на ВМРО – Народна партија, граѓаните ќе можат да се превезуваат низ населбите од градот за евтина цена.“– стои во соопштението.