Градоначалникот, Никола Бакрачески, денеска во Охрид оствари работна средба со градоначалникот на албанскиот град Поградец , Едуард Капри.
На средбата беше заклучено дека неопходна е поголема соработка меѓу општините, Охрид од македонска и Поградец од албанска страна во делот на заштита на Охридското Езеро во насока на заедничко привлекување средства од Европски фондови или Влади како и градење на заедничка платформа за развој на туризмот.
Наредниов период се очекува двајцата градоначалници да потпишат меморандум за соработка и формирање комитет со две комисии по што се предвидува одржување на континуирани состаноци на менаџментот од двете локални самоуправи на кои ќе се носат заеднички заклучоци за допирни точки во насока на успешно градење на заедничка стратегија за развој на туризмот и заштита на природното наследство.