Не се почитуваат акциите за кабаст и зелен отпад, отпадот секојдневно се депонира

Од Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, во чија надлежност е одржувањето на јавната хигиена и јавното зеленило на територијата на општина Охрид и приградските населби, велат дека секојдневно се соочуваат со проблемот на несоодветно депонирање на зелен и кабаст отпад.

„И покрај дефинираниот работен календар за 2014 год. со кои се предвидени акции за подигање кабаст и зелен отпад по сите урбани заедници во пролетниот и есенскиот период, несовесни граѓани секојдневно депонираат зелен и кабаст отпад на јавни површини.“- велат од претпријатието.

Оттаму апелираат граѓаните да се придржуваат до календарот на одржување акции за кабаст и зелен отпад, како и динамиката на подигнување на комуналниот отпад, зошто како што велат, ваквите грди слики не наштетуваат само ЈП „Охридски Комуналец“, туку и на останатите граѓани кои совесно го депонираат отпадот.

2