Екипите на „Јавна хигиена“ темелно ги расчистуваат јавните површини вдолж „Булевар Туристичка“. Од тротоарите се збира паднатиот лист, темелно се расчистуваат граничниците покрај коловозната лента и одливните шахти. Рачното чистење е надополнето со машинско чистење покрај коловозните ленти.
Согласно Програмата за работа за 2014 год. и предвидените активности за подигнување на јавната хигиена за врема на одржување на јавни манифестации, собири и празнувања, пред претстојниот празник „11-Октомври„ – Денот на востанието на македонскиот народ и Денот на борецот, детално се расчистува просторот на Спомен-паркот на паднатите борци.
Од тековните активности, од претпријатието го издвојуваат континуираното чистење на градскиот кеј и крајбрежниот појас на потегот од градското пристаниште до Холандскиот Парк од натоложен окрек, реса и друг комунален отпад.