Семинар за рационална употреба на антибиотиците

Со одржувањето на денешниот семинар, општина Охрид стана дел од големата кампања за рационална употреба на антибиотици и превенција на антимикробна резистенција. Целта на кампањата што ја организираат Министерството за здраство,Институтот за јавно здравје, други професионални асоцијации и поддршка на Светската здраствена организација и Белгијската влада е да се подигне јавната свест за рационална употреба на антибиотиците.

Мораме заеднички да најдеме начини, за подигнување на јавната свест кај населението, зошто се почесто, без консултации со лекарите , на своја рака земаат антибиотици и самите се доведуваат во несакан ризик. На граѓаните мора да им се објасни дека со текот на времето, резистенцијата се зголемува, а тоа значи и намалување на бројот на ефикасни антибиотици. Локалната самоуправа, во рамките на надлежностите во областа на здраството, социјалната политика и образованието има реализирано повеќе проекти за заштита на здравјето на нашите граѓани. Очигледно е дека најмногу можеме да придонесеме во превенцијата и подигнувањето на јавната свест за здравјето.Тоа го правиме и во иднина на овој проблем ќе му посветуваме уште поголемо внимание“- рече на почетокот на семинарот Гордана Коњановска, претседател на Советот на општина Охрид.

antibiotici_4002_cr

За последиците од неконтролираната употреба на антибиотиците, зборуваше проф. д-р. Никола Паноски од Медицинскиот факултет од Скопје кој истакна дека во светот, загрижувачка е состојбата со резистенцијата на повеќе видови антибиотици и додаде дека слична е состојбата во Република Македонија. Затоа, како што беше речено на семинарот , од кампањата за рационална употреба на антибиотиците, се очекува постепено подигнување на јавната свест кај населението и намалување на идните ризици од појавата на антимикробна резистенција.

antibiotici_4001