Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги започна активностите за уредување на просторот кој се наоѓа во непосредна близина на сообраќајната клучка на влезот во Охрид – левата страна од ул „Железничка“ во насока на магистралниот правец Охрид-Скопје.
Овој простор зафаќа голема површина и во првата фаза со специјална механизација ќе се изврши рамнење на теренот и отстранување на неуредната вегетација, а во втората фаза ќе се изврши хортикултурно уредување на просторот со засадување на цветни садници и декоративни грмушки.