До 25-ти Октомври – поднесување на евиденција на примени фактури која ја води примателот на прометот (образец ДДВ-ЕПФ)

Во насока на запазување на рокот за доставување на образец “ДДВ-ЕПФ“, Управата за јавни приходи ги известува сите овластени лица за реализација на проекти финансирани со парични средства добиени врз основа на договор за донација склучен меѓу Република Македонија и странски донатори и проекти финансирани во рамки на инструментот на претпристапна помош (ИПА), дека е потребно да пријават електронска пошта (e-mail адреса за Проектот) со која ќе се регистрирааат во системот на е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk, ќе добијат корисничко име и лозинка и ќе овластат лице (со доделен дигитален сертификат), за да бидат во можност електронски да го доставуваат образецот “ДДВ-ЕПФ“.

Пријавувањето на електронска пошта за Проектот се врши во УЈП – Регионалната дирекција Скопје со поднесување на образец “УЈП-РДО“ кој може да се преземе од веб страницата на УЈП преку следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/16
Овластеното лице за реализација на Проекот, за секое календарско тримесечје, има обврска да достави Евиденција на примени фактури која ја води примателот на прометот (образец “ДДВ-ЕПФ“) до Управата за јавни приходи по електронски пат преку е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk.

Евиденцијата ДДВ-ЕПФ за првото календарско тримесечје (од 01.07.2014 до 30.09.2014) се доставува најдоцна до 25-ти Октомври 2014 година.