ДЗС: Во август се издадени 155 одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2014 се издадени 155 одобренија за градење што е за 10.7% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 904 534 илјади денари што е за 54.2% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 100 (64.5%) се наменети за објекти од високоградба, 11 (7.1%) за објекти од нискоградба и 44 (28.4%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 155 објекти, на 114 (73.5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 41 објект (26.5%) инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 165 станови, со вкупна корисна површина од 15 327 м2.