Социјалдемократскиот сојуз на сите граѓани на Република Македонија им го честита 11-ти Октомври, Денот на народното востание.
„Овој голем државен празник е вечен потсетник за непоколебливоста на народот во Македонија, во битката за својот идентитет, за своја држава, за слобода.
Пред 73 години, на денешен ден, во Прилеп и Куманово започна борбата за слободна Македонија. Многу жртви на знајни и незнајни херои паднаа во Народно-ослободителната борба, но сонот на нашите дедовци или татковци се оствари.
Света обврска на сегашните генерации е овој аманет, за слободна, независна, просперитетна и економски стабилна земја да го предадеме на нашите поколенија.“- стои во честитката.