Честитка од СДСМ Охрид по повод 11 Октомври – Денот на народното востание

Општинската организација на СДСМ од Охрид на сите граѓани им го честита големиот државен празник 11 Октомври Денот на востанието на Македонија.

„На овој свечен ден повикуваме на сплотеност и единство на сите наши сограѓани без разлика на вера, нација или политичка определба. Нашите предци, борците за слободна Македонија и создавачите на нашата татковина се оние кои денес ги славиме и на кои им оддаваме длабока почит.

Нека ни е вечен 11 Октомври!“ – стои во честитката од ОО на СДСМ Охрид.

Високи партиски функционери на СДСМ, членови на ЦО и на ИО на СДСМ и Секретарот на ОО на СДСМ Охрид вчера присуствуваа на свечената седница по повод 11 Октомври во организација на Општина Охрид и Сојузот на борците. Денеска во 11:00 часот, партиска делегација на СДСМ положи свежо цвеќе пред бистите на борците од НОБ.

11OktomvriSDSM01 11OktomvriSDSM 11OktomvriSDSM02