Денес во село Злести присуствуваше Градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски на свеченото пуштање во употреба на фудбалскиот стадион „Климе Злестовчето“.
Свеченоста започна со пригоден говор на организаторот и претседател на ФК „Злести“, Кирил Јосифоски и Градоначалникот Трајкоски. Имено се работи за реконструкција на фудбалско игралиште за кое се издвоени средства од буџетот на општина Дебарца.
Во реконструкцијата е опфатено изградба на трибина, комлетно завршување на градежно занатски работи на соблекувалната, поставување на мрежи на стативи и нивно бојадисување, зацврстување на бетонски столбови, поставување на влезна врата во терено.
Денес исто така на спортскиот терен се одигра и фудбалски натпревар помеѓу Репрезентацијата Дебрца и ФК„ Злести“.