Утре во Требеништа ќе биде поставен камен темелник на резервоар за вода

Од Општина Дебрца информираат дека утре со почеток во 11 часот ќе биде поставен камен- темелник на местото каде што ќе се гради резервоар за вода во селото Требеништа. На поставувањето на камен-темелникот ќе присуствува градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.

повеќе...

Свечено отворен фудбалскиот стадион „Климе Злестовчето“ – с.Злести

Денес во село Злести присуствуваше Градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски на свеченото пуштање во употреба на фудбалскиот стадион „Климе Злестовчето“. Свеченоста започна со пригоден говор на организаторот и претседател на ФК „Злести“, Кирил Јосифоски и Градоначалникот Трајкоски. Имено се работи за реконструкција на фудбалско игралиште за кое се издвоени средства од буџетот на општина Дебарца. Во реконструкцијата е опфатено изградба на трибина, комлетно завршување на градежно занатски работи на соблекувалната, поставување на мрежи на стативи и нивно бојадисување, зацврстување на бетонски столбови, поставување на влезна врата во терено. Денес…

повеќе...

Донирани чанти и училишен прибор на првачињата во Дебарца

Денес во просториите на општина Дебарца, градоначалникот Игор Трајкоски оствари средба со најмладите. На првачињата им посака успех во образовниот процес, а притоа ги поднови со чанти и училишен прибор кои се донација од познатиот бизнисмен од Перт, Западна Австралија Драган Капинков кој е сопственик на фондацијата „Капинков“.  Оваа донација од страна на Капинков ја организираше почесниот конзул на Република Македонија Г-дин Зоран Ќосески.

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески денес меѓу народот во Слатински Чифлиг

Во рамките на одбележувањето на празникот „Успение на Пресвета Богородица“- Голема Богородица, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и денес е меѓу народот. Тој денес е гостин во селото Слатински Чифлиг, каде исто така масовно се одбележува овој голем христијански празник.

повеќе...

Започна реконструкцијата на регионалниот пат Ботун-Белчишта

Започна реконструкцијата на регионалниот пат од Ботун до Белчишта. Се реконструира регионалниот пат од Ботун до Белчишта во должина од 1600 метри. Работите ги изведува Македонијапат, по налог на Јавното Претпријатие Македонијапат.

повеќе...

Нови прозорци и врати во училиштето во Требеништа

Во училиштето во село Требеништа деновиве се поставуваат енергетски-ефикасни прозорци и врати. Според проектот „Енергетска-ефикасна општина“ предвидени се повеќе активности меѓу кои  и набавка и поставување  на прозорци и врати. Договорот за овој проект е склучен помеѓу општина Дебарца и  Здружение на граѓани Проактива. Исто така од буџетот на општина Дебарца издвоени се средства за поставување на ламинантни подови и фасада на училишната зграда. Градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски вели дека оваа инвестиција е од големо значење за учениците да имаат подобри услови во образовниот процес.

повеќе...

Заврши изградбата на каптажите за водоводот во село Ботун

Денес градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски  го посети местото каде беа каптирани два извори со кои ќе се зголеми количината на вода со која се снабдува населението. „Со оваа инвестиција се задоволуваат потребите од вода на жителите во с.Ботун, но се растеретува и регионалниот водовод од Караорман кој ги снабдува со вода селата: Белчишта, Лешани, Ново Село, Средоречие и Ботун каде што често во летниот период има недостатоци на вода за пиење. Меѓу другото се врши реконстукција и на водоводната мрежа во с.Ботун која е стара повеќе од 30…

повеќе...

Се интензивираат градежните зафати во општина Дебарца

Општина Дебарца  деновиве започна со асфалтирање во 6 населни места, Оровник, Горенци,Требеништа, Ботун, Ново Село и Белчишта. Со градежните зафати се подобрува патната инфраструктура во општина Дебарца. Со овие активности ќе бидат изградени околу 3.500 м2 улици. Денес  при изведувањето на градежните зафати, обиколка направи градоначалникот на Општина Дебарца, Игор Трајкоски. Средствата  се издвоени од буџетот на општината. Изведувач на градежните активности е фирмата Гранит.

повеќе...