Утре, со почеток во 18 часот, градоначалникот Никола Бакрачески, во придружба на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, директорите на јавните претпријатија и раководителите на сектори ќе биде во посета на селските населени места.
Агендата на посетата е следна:
– 18 часот – с. Коњско
– 19 часот – с. Рача.
Целта на посетите е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно побрзо решавање.