Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во август 2014 година изнесува 1 214 562 илјади денари што претставува зголемување за 11.5% во споредба со август 2013 година.
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 39.9%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 0.1%.
Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај градинарските растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата, млекотo и млечните производи, додека намалување се забележува кај: житата, индустриските и фуражните растенија, грозјето и рибата.