Новите пластични контејнери кои веќе неколку месеци се поставени во централното градско подрачје имаат капаци кои служат за нивно затворање, а со цел да се спречи ширењето на непријатна миризба, како и да не влегуваат и излегуваат мачки, па дури и кучиња од нив.
Но, за брзо време граѓаните го кажаа своето… капаците се отворени, а мачките повторно „напаѓаат“. Којзнае, можеби нашите сограѓани ги сожалуваат мачките да не останат без храна, па на ваков начин им овозможуваат да се прехранат!?!
WebOhrid