Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2014 година, широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 93.1% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.
Пристап на интернет преку мобилна конекција (широкопојасна или друг вид на мобилна конекција) имале 59.3% од деловните субјекти. 60.7% од деловните субјекти на своите вработени им обезбедиле преносливи уреди со кои се овозможува мобилна конекција на интернет за деловна употреба, но само 10% одвработените во деловните субјекти ги користеле овие уреди (пр., notebook, laptop, smartphone, PDA phone).
Социјалните медиуми (пр., Facebook, LinkedIn, Twitter, Present.ly, YouTube, Flickr, Picassa, Wiki-алатки итн.) биле употребени (но не само за платено рекламирање) кај 36.8% од деловните субјекти.
Компјутерски услуги во облак (Cloud computing services), употребени преку интернет, купиле 11,9% од деловните субјекти. 40.9% од деловните субјекти електронски испраќале или примале податоци (EDI-тип на пораки) во формат кој овозможува нивно автоматско обработување (пр., EDI, UBL, XML), 21,6% имале ERP- софтверски пакет за електронска и автоматска размена на информации во рамките на деловниот субјект, а 20.0% употребувале софтверска апликација за управување со информациите за клиентите, т.н. CRM.
Во текот на 2013 година, 9.7% од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени, имале е-трговија, односно купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (преку веб или EDI), веб-продажба реализирале 6.4%, а веб-купувања вршеле 4.4% од деловните субјекти.