Се уредува сцената на Долни Сарај

Одделението Јавна Хигиена при ЈП „Охридски Комуналец“, покрај тековните обврски метење и миење го уреди и делот на летната сцена Долни Сарај со метење и косење која сцена во еден дел преставува паркинг од отворен тип. Се изврши и темелно уредување на улицата Јане Сандански со чистење на тротоарите од трева и нанос на песок и земја, информираат од претпријатието.