На петнаесет дена пред истекот на крајниот рок, 1.653 даночни обврзници успешно ја заокружија регистрацијата на 2.511 фискални системи на опрема со GPRS уред. Обврска за воведување на фискален апарат со GPRS уред најдоцна до 31 октомври 2014 година имаат 8.900 даночни обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, понатаму обврзниците кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи). Рокот за сите други даночни обврзници е до 31 јануари 2015 година.
И покрај тоа што постапката за регистрација трае кратко (до 10 минути) и се врши електронски од страна на овластениот производител во моментот на набавка на фискалниот апарат, сепак апелираме обврзниците кои не ја отпочнале постапката истото да го сторат веднаш и да не го чекаат последниот рок.
До крајот на месец октомври над 7 илјади обврзници треба да обезбедат фискален апарат со ГПРС уред што значи дека преку системот на УЈП на дневна основа треба да се регистрираат над 450 фискални апарати.