Убавините на Охрид прикажани на германската NRD телевизија

Една од најгледаните национални телевизии во Германија NRD- телевизија , деновиве го емитуваше документарниот филм во кој се прикажани убавините на Охрид и Охридското Езеро насловен како „ Тајните на Охридското Езеро“.

Авторите Мартин Милер и Хајнз Галинг во филмот ги доловуваат убавините на Охридското Езерото со кристално чистата езерска вода и различните видови риби кои егзистираат. Во филмот се зборува и за надалеку познатиот охридскиот бисер и неговата изработка, како и за охридскиот тркалезен сунѓер, плашицата и одгледувањето на пастрмката.

Документарниот филм кој е продуциран на крајот од годинешнава летна туристичка сезона, опфаќа кадри од познати локации и личности кои со својата дејност се белег за Охрид. Филмот кој трае 43 минути, беше реализиран со помош на нуркачкиот центар „ Амфора“, чии членови го помогнаа подводното снимање на изворите кај Свети Наум, археолошкиот локалитет Плоча – Миќов град кај Градиште, како и на откривањето на останатиот дел од езерскиот подводен свет.