Општина Охрид за учебната 2014/2015 година ќе додели 30 (триесет) бесплатни курсеви за англиски јазик, 30(триесет) бесплатни курсеви по германски јазик и 30 (триесет) бесплатни курсеви по информатика на невработени лица и студенти во општина Охрид кои живеат во семејства со ниски месечни примања или се социјални случаи
I. Услови за доделување бесплатен курс по англиски,германски јазик и информатика
Право на бесплатен курс по англиски,германски јазик и информатика
за невработени лица и студенти од општина Охрид имаат кандидатите кои
ги исполнуваат следниве услови:
1. да се редовни студенти на универзитетите на РМакедонија или
да се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување
II. Начин на пријавување
Кандидатите кои се пријавуваат по конкурсот, треба да ги пополнат потребните образци поставени на интернет страната www.ohrid.gov.mk.
Со Пријавата потребно е да ги достават следните документи:
1. За студентите потврда дека е редовен студент ( оригинал);
2. За невработените лица потврда дека е невработено лице
3. извод од матична книга на родени;
4. потврда за висината на примањата на членовите на семејството на кандидатот и тоа: ако се вработени,потврда за висината на платите на членовите на семејството; за членовите пензионери на семејството -испратница од пензија за последниот месец(оригинал) а за невработените членови на семејството на ученикот- потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени или примаат паричен надоместок –социјална помош (оригинал);
5. Изјава за лични податоци;
6. Изјава потпишана од кандидатот дека доставените документи се вистинити и дека истиот не посетува таков курс од друга институција или фирма.
Рок на пријавување
Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: Општина Охрид ул.,, Димитар Влахов“ бр. 57 – Охрид , во затворен коверт со назнака „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за бесплатни курсеви по англиски,германски јазик и информатика“ или во Архивата на општина Охрид
Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.