Детската градинка започнува со уписи за новата група која ќе биде во рамките на ОУ „Кочо Рацин“

Од детската градинка „Јасна Ристеска“ известуваат дека започнуваат уписите за новата група, која ќе се отвори во рамките на Основното училиште „Кочо Рацин“ (населба Радојца Новичиќ).

Воедно, известуваат дека во рамките на проектот „Од дете за дете“ со хуманитарен карактер, во објектот „Лихнида“ на 17.10.2014 год., со почеток во 10 часот, ќе се одржи аукција на меки кукли и изработки, изработени од децата, родителите и воспитните тимови во градинката. На овој начин градинката се вклучува во акцијата за „Денот на гладта“, а собраните средства од аукцијата ќе бидат наменети за деца од социјално загрозени семејства, деца кои се згрижени во домовите за деца без родители и деца кои подолго време престојуваат во болници.