Кривична пријава за охриѓанец поради тешка телесна повреда

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Ѓ.(29) од Охрид, за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 03.07.2014 година, во комплексот „Св. Наум“ во Охрид, настанала вербална расправија помеѓу пријавениот, 43 годишно лице од Битола, а потоа и тепачка во која пријавениот на оштетениот му нанел тешка телесна повреда-скршеница во пределот на лицето.