ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 18.10.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.6 „Даме Груев“ и У.З.10 „Горна Влашка Маала“ (комплекс згради „Христо Узунов“ , „Карабегобамала“ и „Горна Влашка Mаала“).
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.