Хет-трик на Јаховиќ за победа на Крилја Советов од 5:3

Адис Јаховиќ постигна хет-трик за Крилја Советов во натпреварот против Сакхалин. Неговиот тим успеа да го добие овој натпревар со 5:3.

Јаховиќ го отвори резултатот во 6-та минута. Гостите изедначија преку пенал во 11-та минута, а потоа следуваа уште два голови на Јаховиќ во 37-та и 38-та минута, за резултат 3:1 на полувреме.

Во второто полувреме, во 62-та минута гостите го намалија резултатот на 3:2, додека пак со головите во 69-та и 79- минута Крилја Советов дојде до убедлива предност од 5:2. Адис Јаховиќ излезе од игра во 82-та минута, а гостите го поставија конечниот резултат 5:3 во судиското продолжение од мечот.

Во Руската Прва Дивизија тимот на Крилја Советов се најде на врвот од табелата, додека пак Јаховиќ со овие 3 голови има скор од 7 постигнати голови на 5 натпревари.

WebOhrid