ВМРО Народна Партија Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои:
„Власта предводена од ВМРО–ДПМНЕ со поставувањето на двојазичните табли на ПИОМ во Охрид подмолно сака да ги испровоцира граѓаните на Охрид. Оние кои најмногу се декларираат како најголеми чувари на македонскиот идентитет, во спротивност на законот поставија двојазични табли на една од државните институции, каде покрај македонски, називите се и на албански јазик.
Која е целта на власта со оваа провокација за граѓаните на Охрид?! Дали власта предводена од најмакедонската партија ВМРО–ДПМНЕ има црни сценарија за Охрид и охриѓани?! Дали ова е уште еден од штетните договори со нивниот коалиционен партнер во централната политика за државата?!
Со овој потег, идните генерации уште долго ќе ги паметат властите од ДПМНЕ како иницијатори за некаква друга иднина на Охрид. Покрај економската состојба, ДПМНЕ има желба и идентитетски да ги загрози Охрид и охриѓани. ВМРО – Народна партија будно ќе го следи целиот случај и секогаш ќе реагира на прекршувањето на законот но и ќе се спротивставува на црните сценарија за Охрид подготвени од кујните на власта во Скопје.“ – стои во соопштението од ВМРО – Народна партија Охрид.