Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 05.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 3.256 странски државјани, од кои 1.126 од машки и 766 од женски пол, како и на 1.364 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 1.516 државјани на Сирија, потоа на 904 државјани на Ирак и на 836 државјани на Авганистан,.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 05.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 63.402 странски државјани, од кои 25.946 се од машки пол, 13.639 се од женски и 23.703 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 114 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-30.932, Авганистан-20.005 и Ирак-12.462.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 05.02.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 05.02.2016 година, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.