Гимназијалците и годинава зедоа учество на Модел на Европски Парламент

Изминатиот викенд по петти пат во нашата држава се одржа Модел на Европски Парламент (МЕП).  И оваа како и изминатите години, учествуваа учениците од ОСУ „Св. Климент  Охридски.

Учесници беа Наум Поп Стефанија (четврта година), Ива Томевска (втора година) и Емилија Симјаноска (втора година), под менторство на проф. Ристо Николески. Симулацијата траеше три денa: петок, сабота и недела (3ти, 4ти и 5ти Октомври). 

„Пристигнувањето беше во петок на 3ти Октомври во 3 часот во средното училиште ,,Нова”. На учениците им беше одржано предавање за гимназијата и за симулацијата на европскиот парламент. Во саботата, учениците беа поделени во три комитети: комитет за надворешни работи, комитет за вработување и социјални работи и комитет за индустрија, истражување и енергија. Во текот на целиот ден беа одржани 4 сесии по 2 сати. За време на сесиите се дебатираше на соодветни поставени теми и проблеми на Европската Унија и беа донесени соодветните решенија од страна на делегатите. Неделата беше најважниот дел од оваа симулација. Се одржа отворена дебата во гратското собрание. Симулацијата ја отворија говорите на двајца амбасадори, Чарлс Гарет од Велика Британија и Ернесто Масимино Белели од Италија. Потоа следуваше отворената дебата бо која задача на секој комитет во Градското Собрание беше да ги одбрани претходно донесените решенија. По завршувањето на отворената дебата секој делегат имаше право на глас.“- информираат од Охридската гимназија.

На крајот решенијата на два комитети беа прифатени, а едно решение беше елиминирано од мнозинството. Целиот проект се одржа на англиски јазик.

UcestvoNaModelEvropskiParlament2