Македонија произведува 50 отсто од потребите за енергија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2013 година, вкупното примарно производство на енергија во Република Македонија изнесуваше 1 373 408 toe или 50.5% од вкупно потребната енергија. Вкупната потребна енергија за 2013 година изнесуваше 2 721 727 toe.

Најголеми финални потрошувачи на енергија во 2013 година беа: индустријата со 31.0%, сообраќајот со 27.5% и домаќинствата со 25.0% (од расположливата финална потрошувачка).