Министерот Ивановски го врачи Сертификатот за информациски системи на ФЗОМ

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска на директорката на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, Маја Парнарџиева Змејкова, и го врачи Сертификатот за функционалност на информацискиот систем, што претставува чекор напред во модернизацијата и надградбата на целокупниот систем на институцијата.

„Фондот за здравствено осигурување е четвртата институција која се здобива со сертификатот, после Царинската Управа, Народната Банка на Република Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.“- рече министерот Ивановски.

Тој напомена дека Сертификатот го користат органите на државната управа при комуникација и размена на податоци и документи по електронски пат, врз основа на членот 36 став 2 од Законот за електронско управување и членот 4 став 1 од Правилникот за начинот на сертифицирање на информациските системи.

„Согласно законот, за да можат два информациски системи да разменуваат податоци и документи во рамки на управна постапка, истите треба да бидат сертифицирани од страна на Министерството за информатичко општество и администрација, со цел размената да биде официјална. Со воведување на стандарди во оваа област, кои треба да бидат едноставни за практикување, институциите се подготвени да разменуваат информации меѓу себе, да го надградат системот за интероперабилност, а со тоа и граѓаните да добиваат информации на еден шалтер.“– додаде Ивановски.

„Секторот информатика на ФЗОМ, до сега има изработено 18 процедури, меѓу кои се и Политика за сигурност на ИТ системот, Политика за приватност, со кои се покриваат сите безбедносни аспекти на фукнционирањето на ИТ системот на ФондотОна на што сме особено горди како институција која го добива овој сертификат, е дека проектот целосно го завршивме со сопствени ресурси, за разлика од останатите институции кои имаа ангажирано надворешни консултантски куќи.“– истакна директорката Парнарџиева-Змејкова.

Фондот за здравствено осигурување е државна институција која има една од најголемите бази на податоци, кои се заштитени според највисоки стандарди, од ниво на пристап до информации, до следење и строга контрола на информациската безбедност, како и заштита од ризици.

slCertFZOMb_g