Ученик од ОУ „Кочо Рацин“ освои трета награда на меѓународен конкурс

На меѓународниот конкурс за компјутерско цртање на тема „Заедно растеме“, посветен на Денот на Бошњаците, ученикот Филип Ставрески од второ одделение од ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид, освои трета награда. Ученикот се подготвуваше под менторство на наставничката Виолета Петковска.