Архивата на Општина Охрид ќе работи и на 31 декември

Се известуваат граѓаните на Охрид и правните лица, дека со крајот на 2016 година, завршува рокот за поднесување на елаборати за легализација на бесправно изградените објекти.

Архивата на Општина Охрид со цел да им излезе во пресрет на оние граѓани кои се уште не ги поднеле потребните елаборати со претходно поднесената документација, ќе работи и утре, на 31 декември во периодот од 09 – 14 часот.