Нарушени соседски односи завршиле со тепачка во Струга

На 21.10.2014 година во Струга на ул.„Кеј 8-ми Ноември“, Т.Ц.(63) од Струга се сретнала со Т.У.(41) и поради нарушени соседски односи, истата со камен го удрила Т.У., кој потоа ја турнал, при што истата се здобила со тешка телесна повреда. Т.У. е приведен во ПС-Струга, а на Т.Ц. и е укажана лекарска помош во МЦ-Струга каде е задржана на лекување. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.