Фондацијата „Чекор по чекор“ донираше потрошни материјали и средства во ОУ „Св.Климент Охридски“

Денес, претставници од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“  во ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид,  донираа потрошни наставни материјали и средства: фломастери, боички, хамери, восочни бои, пластелин и друго. Овие средства ќе послужат како мотивација – награда за оние паралелки кои ќе се истакнат во добро поведение, еколошки и други активности активности кои ќе се организираат во училиштето.

ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид соработува со оваа Фондација од далечната 1996 година кога беше вклучено во реализација на програмата „Чекор по чекор“ , а потоа и во проектите „Преку читање и пишување до критичко мислење“ и „Модернизација на наставата“.

Од минатата учебна година училиштето е вклучено во првата фаза на проектот „Со читање до лидерство“ кој продолжува оваа година. Овој проект има за цел подобрување на проценката на јазичните и математичките вештини кај учениците од почетните одделенија, зајакнување на педагошките вештини кај наставниците, особено вештините за формативно оценување и подигање на свеста кај целата заедница за важноста од јазична и математичка писмесност во интелектуалниот развој кај децата.

DonacijaCekorPoCekorZaOUSvKliment02